Пирло на стартот на 2021 година остана без еден од најдобрите фудбалери


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Јувентус игра далеку под стандардите сезоава, а тренерот Андреа Пирло никако не успеа да пронајде добитна комбинација за Серија А.

„Старата дама“ во првиот меч од 2021 година гостува кај Удинезе, а Пирло нема да може да смета на Алваро Мората.

Мората е еден од најдобрите фудбалери сезонава во Јувентус, но има проблеми со повреда и нема да може да игра против Удинезе.

Повредата на шпанскиот напаѓач доаѓа во лош момент за Јувентус, зашто во јануари ги чекаат неколку пеколни дербија, меѓу кои и тие против Милан и Интер.

Мората во досегашниот дел од сезоната успеа да постигне 10 голови.