Пирло во проблеми: Јувентус остана без Дибала за два важни натпревари!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Аргентинскиот фудбалер Пауло Дибала се повреди на мечот против Сасуоло, а денеска беа откриени деталите за неговата повреда и колку ќе паузира.

Дибала има проблеми со лигаментите на коленото и ќе мора да паузира околу 20 дена, а тоа значи дека нема да биде во конкуренција за натпреварите против Интер и Наполи.

Тренерот Андреа Пирло нема да смета на услугите и на Федерико Киеза и Мекени кои исто така се на листата на играчи кои се повредени.

Што се однесува до Дибала, тој ќе го пропушти и дуелот во Суперкупот на Италија против Наполи.