Писонеро по триумфот на Вардар: Верувавме во себе и тоа на крајот вроди со плод!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Европскиот шампион Вардар победи и на домашен терен во Лигата на шампиони, кадешто во второто коло од групната фаза славеше против Порто со 32-27.

Вардар имаше две променливи полувремиња, од кои во првото губеше од португалскиот гигант, но во вторите 30 минути направи пресврт за важен и убедлив триумф.

Тренерот на Вардар, Давид Писонеро кажа дека е задоволен со пресвртот.

„Честитки до противникот, кој одигра многу добар меч. Во првото полувреме немавме решение за Порто, но во вториот дел успеавме да поправиме некои работи и затоа славевме. Секако, верувавме во себе и тоа вроди со плод“, порача Писонеро.

Да потсетиме, Вардар има два од два во групната фаза на елитното натпреварување.