Писонеро: Сакам да им дадам шанса на помладите, но сè ќе зависи од ситуацијата на теренот!

Европскиот шампион Вардар нема многу време за одмор по мечот против Порто во Лигата на шампиони, кој го доби со 32-27, па утре го очекува дуел против Нексе во СЕХА-лигата.

„Црвено-црните“ ги очекува тежок предизвик во регионалната лига, а тренерот Давид Писонеро кажа дека планира да им даде шанса на сите ракометари, но дека тоа ќе зависи од резултатот.

„Имаме навистина густ распоред и тоа е голем проблем за нас. Но, во секој случај сакам во дуелот против Нексе да им дадам шанса на сите ракометари, но многу работи ќе зависат од резултатот. Проблем во моментов е тоа што не можеме да сметаме на Стоилов или Толедо, па затоа утре ќе играат повеќе ракометари“, објасни Писонеро.