Пјаниќ ги отвори картите: Еве дали Роналдо ќе биде подготвен за мечот против Ајакс…?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кристијано Роналдо изминатата недела ги загрижи навивачите на Јувентус. Португалецот се повреди на меч со репрезентацијата против селекцијата на Србија.

Она што ги интересира многумина е дали најдобриот играч на „Старата дама“ ќе биде подготвен за средбата во Лигата на шампионите против Ајакс. Миралем Пјаниќ верува дека ќе биде.

Запрашан дали Роналдо ќе биде во Амстердам за седум дена, Пјаниќ го даде следниот одговор.

„Да. Роден е за таквите натпревари. Се надеваме дека ќе го имаме, тој ќе одлучи со докторите дали ќе ризикува или не. Крис одлично се познава самиот себеси и знае што треба да прави“, истакна Пјаниќ.

Роналдо ги пропушти натпреварите против Емполи и Калјари, а како што стојат работите нема да настапи ниту в сабота во дербито против Милан.