Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Јувентус последниот натпревар од групната фаза на Лигата на Шампионите ќе го игра против Баер Леверкузен. Бjaнконерите веќе се кандидираа за во понатамошната фаза и во Германија допатуваа без дополнителен притисок.
На редовната прес-конференција пред секој натпревар освен тренерот Маурицио Сари зборуваше и Миралем Пјаниќ.
Во еден момент додека Пјаниќ даваше изјава се вклучи и Сари кој застана во одбрана на своите играчи изјавувајќи дека во прашање се доведува професионалноста на неговите играчи.
Еден од новинарите го интересираше што се случувало во соблекувалната по изгубениот натпревар на Јувентус од Лацио со резултат од 3:1 и дали Пјаниќ се чувствува како еден од лидерите на тимот.
„Кажавме што мислиме. Разговаравме сите заедно за доброто на целиот тим. Немаше никаква драма, туку заклучивме дека мораме нешто да промениме во наредните натпревари“, изјави Пјаниќ.
„Од нас се бара да победуваме, но не само тоа, се бара тоа да го правиме на „полуд“ начин, а тоа не е лесно да се прави секои три дена. До сега сме добри, но во првенството сакаме да бидеме на подобра позиција“, изјави Пјаниќ.
По изјавата збор зема Сари и го критикуваше новинарот.
„Посакувам и јас да ви одоворам на прашањето бидејќи ова е јасен напад на професионалноста на играчите…“, изјави Сари.
Целата ситуација може да ја погледнете на 7:16 во видео прилогот подолу.