Пјаниќ заминува од Јувентус?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Се чини дека авантурата на Миралем Пјаниќ, која започна во летото 2016. година по пристигнувањето од Рим е при крај.

Има многу клубови заинтересирани за Пјаниќ, но се издвојуваат две имиња – ПСЖ и Барселона. Додека се договара размена со каталонскиот гигант, францускиот шампион нуди пари.

Француските медиуми јавуваат дека понудата од 30 милиони евра пристигнала на адреса на Јувентус од Париз. Дефинитивно скромна сума со оглед на квалитетот на Пјаниќ и барањата на Бјанконерите.

Стара дама бара најмалку 50 милиони евра, поради што предлогот на ПСЖ ќе биде одбиен без размислување, па принцовите од Париз ќе треба да направат дополнителен напор и едноставно да понудат повеќе пари.

Пред неколку дена, Фабио Паратичи призна дека Пјаниќ е еден од играчите за чија иднина се разговара, особено со Барселона. Размената со Артуро Мело често се споменува.