Пјаца дури на крајот од август преминува во италијански гигант?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Иако спортскиот директор на Динамо Вукелиќ рече дека „пол позицијата“ ја држат Англичаните, Милан е најдобра опција, дури и да платат помалку, бидејќи не игра во Европа па не брза.

Марко Пјаца е еден од најинтересните дијаманти на европскиот фудбалски пазар. Хрватскиот репрезентативец и најдобар играч на Динамо во ова лето во секој случај ќе ја промени средината.

Па дресот на Димамо од Загреб ќе го замени со некој од  странство. Но, сеуште не е познато каде Пјаца ќе ја продолжи кариерата. Иако тоа, според многу информации може да биде Италија.

Младиот крилен напаѓач кој на ЕП воодушеви против Шпанија, како и во последните 10-тина минути против Португалија, во неделата се стави на располагање на Златко Крањчар.

Марко Пјаца во последните денови се поврзува со бројни европски гиганти (Милан, Интер, Јувентус, Наполи, Ливерпул, Бенфика…) и тука сеуште е се отворено. Тој демантираше заминување во Интер (барем засега), додека спортскиот директор на Динамо Марко Вукелиќ на италијанските медиуми порача дека “пол позицијата“ ја држат клубови од Премиер лигата!?

Но, веројаратно талентираниот играч кариерата ќе ја продолжи во Италија. Причина? Неговиот менаџер Марко Налетилиќ веќе со години негува одлични односи со италијанските клубови, впрочем баш тој неодамна се спротивстави на заминувањето на Пјаца во Бенфика.

Па така Италијаните се сепак чекор напред. А тука владее голема гужва.

Да потсетиме, Пјаца пред неколку години на масата имаше официјална понуда од Јувентус (4 милиони евра) и Болоња (8 милиони евра), што е само доказ како челниците на Старата дама одамна го ценат хрватскиот играч.

Во Интер од неодамна влезе кинески капитал, па на нероаѕурите не им недостасуваат пари за доаѓање на Пјаца, а челниците на овој милански клуб одамна негуваат добри односи (трансферите на Ковачиќ и Брозовиќ) со претставниците на Динамо.

Милан пак од друга стртана единствено може да ги исполни сите услови! Ќе понудат голема сума на пари (минимално 15-тина милиони евра) за одличен играч, а тогаш стрпливо да го чекаат и крајот на август. Милан во оваа сезона не игра на европска сцена, па квалитетни играчи може да сочекаат и до самиот почеток на сезоната.

Динамо во тој случај може да прифати и на помала оштета, па се надеваат дека со Пјаца во екипата може повторно да стигнат до ЛШ. И дополнителни 14 милиони евра.

Марко Пјаца е прилично, и покрај целата ситуација, мирен и цврсто на земја. Младиот играч засега во „главата е полн“ единствено за дуелот со нашиот шампион Вардар. Тој ова лето сигурно нема да му побегне, Пјаца наскоро ќе стане играч на некој европски гигант. Веројатно италијански.