„Пјаца е мешавина од Кака и Кристијано Роналдо“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Јувентус во ова лето доведе фудбалер кој е мешавина на Кака и Кристијано Роналдо“, порача менаџерот на Марко Пјаца Марко Налетилиќ.

Налетилиќ очигледно многу го цени својот фудбалер, кој во Торино стигна од Динамо за рекордни 23 милиони евра.

„Пјаца е одличен фудбалер. Јувентус направи одлична работа што го доведе, а овој клуб беше голема желба на Пјаца“, рече Налетилиќ, кој потоа откри дека имаше уште многу понуди за овој 21-годишен:

„Го бараа Милан, Ливерпул, Борусија, Шалке, Волфсбург и Фиорентина, а верувајте ми во Милан ќе заработуваше дупло повеќе отколку во Јувнтус. Повторно кажувам, сакаше во Јувентус и сигурен сум дека низ одредено време ќе стане еден од главните играчи на тој клуб. Во почетокот веројатно ќе ја чека својата шанса од клупата, а со време може да стане симбол на Јувентус“.

Марко Пјаца во својата кариера настапуваше за Динамо и за Локомотив, па интересно е да се види како ќе се снајде во Серија А.