Пјонтек го делат два гола од историја во Серија А


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Навивачите беа скептични кога Милан го ангажираше Криштоф Пјонтек зимоска од Џенова, но Полјакот покажа дека нема потреба за грижа и блесна во дресот на „росонерите“.

Пјонтек постигна 13 голови во Џенова во првиот дел од сезоната, а досега за Милан постигна осум погодоци, па потребни му се уште два за да се запише во историјата.

Напаѓачот на „росонерите“ би можел да стане првиот фудбалер во историјата на Серија А, кој постигнал двоцифрен број на голови во дресот на две екипи во една сезона.

Тоа уште на никого не му успеало, а Пјонтек ќе има доволно време до крајот на сезоната за да стигне до неверојатен рекорд.