„Плаќаме добро, но не сме луди како Сити и ПСЖ“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Извршиот директор на минхенски Баерн Карл Хајнц Румениге најави дека клубот нема на Роберт Левандовски да понуди огромно зголемување на платата.

Германските медиуми најавија дека Полјакот ќе добие огромна плата со цел да остане дел од баварскиот клуб, но Румениге ја одби таквата можност.

„Разговаравме со неговит агент. Сакаме да го задржиме и не размислуваме за продавање“, рече Румениге, и додаде:

“Не можеме да му понудиме плата која може да му ја дадат Манчестер Сити или ПСЖ. Плаќаме добро, но тие клубови претеруваат во некои случаеви“, истакна тој.

Левандовски најмногу се поврзува со премин во Реал Мадрид.