Планот доби „зелено светло“: Ќе се руши легендарниот „Сан Сиро“!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Италијанските власти го одобрија барањето да се урне стадионот на Милан, „Сан Сиро“, кој беше изграден во далечната 1920 година, со што беше тргната најголемата пречка во плановите на гигантите Милан и Интер за изградба на нов стадион.

Милан и Интер минатата година поднесоа барање за изграба на новиот стадион со капацитет од 60.000 места на истата локација на која се наоѓа „Сан Сиро“.

Новиот стадион би требало да чини неверојатни 1,2 милијарди евра. Според мислењето на градот Милано, кој е сопственик на стадионот, „Сан Сиро“ нема архитектонска важност поради која не би требало да биде урнат.

Наскоро ќе биде познат датумот кога ќе почне рушењето на стадионот.