Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓
Еден од најинтересните фудбалери на италијанскиот пазар ова лето дефинитивно е младиот играч на Парма, Ѓовани Леони.
Овој момче кое дојде од Сампдорија минатото лето е мета на бројни клубови, а неговата вредност е зголемена повеќе од 4 пати од моментот кога го облече дресот на “млекарите”.
Макс Алегри е сериозен во својата намера да го донесе овој млад играч, сè поради неговата физичка сила. Јасно е дека Алегри ја заснова својата одбрана на цврстина, а Леони има 195 см.
Алегри гледа во него исклучителен потенцијал на секој план и сака да го донесе по секоја цена во Милан.
Парма ќе бара помеѓу 20 и 25 милиони, но постои и опција по која Милан би понудил и Лоренцо Коломбо кој се врати од Емполи од позајмица и кој би можел да биде добра опција за Парма по заминувањето на Бони во Интер. Покрај тоа, Милан би морал да додаде уште 10-12 милиони евра.
Фото: Принтскрин