Планот на Перез за 2020: „АС“ откри кој мега-ѕвезда ќе потпише за Реал Мадрид


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Еден Азар го одбележа трансфер-периодот досега, откако се пресели во Реал Мадрид, како најголемо засилување за овој преоден рок.

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез формира нови Галактикоси, па нема намера да запре на досегашните засилувања.

„Кралевите“ го посакуваа Килијан Мбапе летово од ПСЖ, но откако не успеаа тоа да го направат, тие ќе тргнат да го обезбедат неговиот потпис за наредната сезона.

„АС“ пишува дека Перез е убеден дека најталентираниот фудбалер во светот нема да потпише нов договор со ПСЖ, па тоа ќе му ги отвори преговорите со Реал Мадрид.

„Кралевите“ ќе имаат еден услов, а тоа е Мбапе да поднесе барање за трансфер, зашто Перез не сака да ги расипе односите со Парижаните и Насер Ал-Келаифи.

Да потсетиме, Мбапе има договор до 2023 година и во моментов заработува 12 милиони евра годишно, но веќе долго време се шпекулира дека ќе замине од Париз и ќе се пресели во Реал, кој сака да му понуди по 15 милиони евра годишно.