По 134 дена излезе од затвор: Ѕвездата на Сити ја плати кауцијата!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерот на Манчестер сити, Бенџамин Менди беше пуштен благодарение на кауција пред судењето поради обвинувањата за силување.

Менди, кој е обвинет за седум силувања и една за сексуален напад, пуштен е на слобода по сослушувањето.

„Скај Спорт“ пишува дека францускиот репрезентативец помина во притвор 134 дена, откако беше упасен на 26 август минатата година.

Менди доби кауција од страна на судијата Патрик Томпсон на затвореното рочиште за јавноста, од кое беа избркани и новинарите.

Судењето на Менди требаше да се одржи месецов, но одложено е за 27 јуни, а судијата Томпсон одобри кауција на фудбалерот до 24 јануари, датумот на следното рочиште.

Французинот ќе мора да живее на домашна адреса, да не ги контактира тужителите и да го предаде пасошот до вечерва.