По Јоаким Лев и во Баерн Минхен ги отпишаа овие две големи фудбалски имиња…?!


Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Баерн Минхен ќе се откаже од неколку фудбалери во летниот преоден рок.

Веќе е познато дека клубот ќе го напушти легендарниот офанзивен играч, Арјен Робен и Френк Рибери, а како што стојат работите, ова лето екипата ќе ја напуштат и Боатенг и Хумелс.

Германските медиуми тврдат дека минхенскиот тим е одлучен да се ослободи од последните двајца. Веќе го ангажираа Лукас Ернандез кој ќе заземе една стоперска позиција, а Холанѓанинот, Матијас Де Лихт го гледаат како втор член на дефанзивниот ред.

Без оглед дали ќе успеат да го донесат Де Лихт, Боатенг и Хумелс речиси е сигурно дека ќе го напуштат клубот. На нив повеќе во Минхен не сметаат и Баерн следната сезона ќе влезе во потполно реновиран дефанзивен ред.

По десното крило ќе игра Павард. Неговиот трансфер од Штутгарт е веќе договорен, Давид Алаба ќе биде лево, додека Ернандез и Шуле засега ги имаат стоперските позиции.

Сепак, и Шуле би можел да го загуби местото, ако Баерн успее да го ангажира Де Лихт, но за тоа шансите се мали, бидејќи Холанѓанецот наскоро би требал да потпише за Барселона.

Боатенг е член на германскиот шампион од пред осум години, додека Хумелс во Минхен ја игра третата сезона.

Интересно е секако дека на услугите на овие двајца фудбалери од неодамна не смета ниту селекторот Јоаким Лев.

Сега очигледно ќе мораат да побараат и нов тим и да се надеваат дека некогаш во иднина повторно ќе имаат шанса да заиграат за националниот тим.