По крајот на сезоната си оди миленикот на фановите на „Олд Трафорд“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


По крајот на актуелната сезона Манчестер Јунајтед ќе го напушти искусниот Хуан Мата кој стана еден од милениците на публиката на „Олд Трафорд“.

Мата кој не е во прв план кај Оле Гунар Солскјер би можел кариерата да ја продолжи во редовите на тимот на Фенербахче.

Наводно претседателот на турскиот клуб одржал позитивни разговори со агентот на Хуан Мата и според турските медиуми договорот веќе е пред конечна реализација.

Според медиумите и Хуан Мата изразил подготвеност да си оди од Манчестер Јунајтед по цели седум години поминати на „Олд Трафорд“.