По неуспехот во Монако, Анри најде нова тренерска работа


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Легендарниот француски поранешен фудбалер, а сегашен тренер, Тјери Анри има нова работа.

Поранешниот фудбалер на Арсенал и Барселона по неуспешната епизода како предводник на Монако, сега ќе има шанса за поправен откако го презеде тимот на Монтреал Импакт.

Монтреал се натпреварува во МЛС лигата и со големи амбиции ќе влезе во новата сезона од американскиот шампионат.

Инаку за Анри ова е второ самостојно тренерско искуство, а Французинот претходно работеше и како помошник на Роберто Мартинез во репрезентацијата на Белгија.