По Суарез, ново засилување за Симеоне?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


По Луис Суарез, Атлетико Мадрид е близу до ново засилување.

Имено, тие ги завршуваат преговорите во врска со позајмицата на уругваецот Лукас Тореира.

Симеоне е убеден дека играчот за врска, некогаш сјаен во Сампдорија, би можел да му помогне на неговиот тим, но навивачите на Арсенал ќе бидат разочарани кога ќе слушнат дека Томас Парти не е дел од овој договор.

Играчот за врска на Атлетико чини близу 50 милиони евра, па иако Артета го посакува, се чини дека нема ништо од трансферот.

Што планира Симеоне следно?

Се чека можна продажба на Диего Коста, кој сè уште не одговорил на понудите од Турција, како и Бенфика, со цел клубот да го ангажира Единсон Кавани и да формира тандем во нападот.

Понудите за Луис Хименез, лидерот на одбраната, беа одбиени, се шпекулираше дека Сити нуди големи пари, како и Јунајтед, но дека Атлетико одби да преговара.

Досега клубот ги продаде Мората на Јувентус, Ариас во Леверкузен, Каја Енрике во Монако, а заедно со Суарез беше донесен и резервниот голман Грбиќ, како и повратникот Караско.

Се вели дека Симеоне нема да носи многу засилувања, неговата цел е да извлече многу повеќе оваа сезона од Жоао Феликс, но и стоперот Марио Хермосо, која пристигна минатото лето.