По трагедијата во Ел Салвадор: Кој е виновен, нема да помине без казна!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Најмалку 12 лица загинаа во стампедото на фудбалски стадион во Ел Салвадор, а голем број навивачи се повредени.

Несреќата наводно се случила откако голем број навивачи се обиделе да влезат на стадионот, откако биле затворени капиите.

„Тоа беше лавина од навивачи. Некои беа и во тунелот. Дел од нив стигнаа до трибините, а потоа и до теренот. Кој е виновен, нема да помине без казна“, напиша претседателот на Ел Салвадор.