Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тренерот на „Нероаѕурите“ беше присилен да го врати Аргентинецот во екипата во дуелот против Џенова, а на крајот Интер славеше со победа од 0:4.
Икарди во овој дуел постигна погодок, но и покрај тоа нема да го памети по добро овој меч.
Навивачите на миланскиот клуб се против него. Тоа беше јасно видливо во текот на мечот, а пред почетокот на мечот од трибините доби јасни пораки.
Покрај силните навреди, најчесто се слушаше:
„Заминувај од овде гом*о едно“…
Аргентинскиот напаѓач постигна погодок од пенал во убедливата победа над Џенова од 0:4, но за навивачите на „Нероаѕурите“ неговото враќање во тимот е апсолутно неважно.
Кога Икарди погоди од пенал, предводникот на Интер на трибините забрани радување на погодокот и ја замолкна трибината.
Тоа е само уште еден доказ дека Аргентинецот ја загубил почитта кај навивачите на италијанскиот великан, која веројатно никогаш повеќе нема да ја врати.
Исто така, бараат и Икарди да се оддалечи од тимот, поради се што направи, но засега последниот збор го има Спалети.