Победа на Хамилтон после инцидент со Розберг

Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон победи на ГН на Австрија после инцидент во последниот круг со Нико Розберг.

До инцидент стигна кога Хамилтон тргна во напад и имаше контакт. Ниту еден од двајцата не ја задржа тркачката линија во тој момент, бранителот на титулата излета, но успеа да се врати и да го помине Розберг.

Болидите на двајцата беа оштетени, на Розберг повеќе, па до целта падна на четвртото место зад Ферстапен од Ред Бул и Кими Раиконен од Ферари.