Победа по четири години се врати во Првата лига!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Победа Прилеп славеше со 2-0 против Пехчево, а Беласица ја реши Слога Виница со 1-0 во претпоследното коло во Втората лига – Исток и ја реши дилемата кој ќе игра во Првата лига.

Прилепчани имаат три бода предност пред Беласица, како и подобар меѓусебен резултат, па затоа Победа продолжува во Првата лига, каде што ќе заигра по четири години.

Беласица е на позиција која води во баражот за пласман во елитата, односно имаат едене бод предност пред Слога Виница.