Победата поважна од здравјето: Тренерот на Милан го „жртвуваше“ Ибрахимовиќ


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Милан славеше во градското дерби против Интер со 2-1, со двата гола на Златан Ибрахимовиќ, додека погодок за екипата на Антонио Конте постигна Ромелу Лукаку.

Швеѓанецот се врати на теренот откако оздраве од коронавирусот и го одигра цел меч на врвно ниво, иако имал потешкотии.

„Беше многу изморен, сакаше да биде заменет, но овој пат го игнорирав. Златан е неверојатен, ни носи многу квалитет на теренот. Тој е професионалец за пример, го дава максимумот за екипата, сака да победи секогаш“, кажа Стефано Пиоли.

Очигледно Ибрахимовиќ не бил подготвен за 90 минути, но сепак некако издржа на теренот и му донесе три бода на Милан.