Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Денеска почина 49-годишниот Фабиан О’Нил кој во минатото играше за репрезентацијата на Уругвај и го носеше дресот на Јувентус.
О’Нил ја почна кариерата во Насионал, а потоа играше и за Каљари неколку години пред да се пресели во Јувентус, каде што Зинедин Зидан го прогласи за најталентиран фудбалер, иако во Торино остана само една година.
Поранешниот фудбалер призна дека сите пари кои ги заработил, околу 14 милиони долари, ги потрошил на „бавни коњи, брзи жени и алкохол“.
„Имав проблеми со алкохол. По операцијата на мочниот меур не смеев да допрам чашка три години, но издржав само еден месец. Со обложување прекинав затоа што немав пари“, кажа во едно интервју.
Lamentamos informar el fallecimiento de Fabián O’Neill.
— Nacional (@Nacional) December 25, 2022
Surgido en la cantera inagotable y campeón uruguayo con nuestra camiseta.
Hoy todo Nacional está de luto. A su familia y amigos, nuestras más sinceras condolencias.
¡Hasta siempre Mago! pic.twitter.com/vlbFbpDn5O