Почина eден од најлегендарните тренери во македонската кошарка – Јанко Луковски


Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓


Утрово на 77-годишна возраст почина поранешниот македонски кошаркар и тренер на МЗТ Скопје и Работнички, Јанко Луковски.

Луковски, по крајот на кошаркарската кариера, го тренираше Борец од Велес,а  потоа го презема Работнички.

Работнички успеа двапати да го внесе во првата А-лига на Југославија и еднаш го однесе до финалето на Купот на Југославија.

Во периодот од 1982 до 1986 работеше и како селектор на Југославија на јунирската, кадетската и селекцијата до 21 година, а со тоа имаше можност да работи со играчи како: Дражен Петровиќ, Паспаља, Сретеновиќ, Перасовиќ и други.