Почина легендарен англиски навивач од коронавирус: Љубовта кон клубот му беше сè! (ФОТО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Една тажна вест пристигна од Островот каде што почина легендарниот навивач на Чарлтон, Себ Луис.

Луис имаше 38 години, а почина од коронавирусот. Луис имаше статус на навивачка легенда затоа што 22 години не пропуштил меч на саканиот клуб.

Од 1998 година почнал да го следи Чарлтон и бил на 1.076 меча по ред на англискиот клуб. Информацијата ја потврдија и од управата на тимот.

„Беше срце и душа на нашето фудбалско семејство. Секогаш беше со нас. Сите сме скршени. Ти благодариме за верност и посветеноста на Чарлтон“, напишаа од клубот.