ТОП 11 МАКЕДОНСКИ ЈАВНИ ЛИЧНОСТИ - *Football Edition* ↓↓↓
Легендарниот фудбалер на Црвена Звезда, Марко Елснер почина на 61-годишна возраст по долга болест. Словенечкиот дефанзивец играше четири сезони во клубот и беше член на генерацијата која во1987 година оствари незаборавна победа против Реал Мадрид (4-2) во Купот на европските шампиони.
Во кариерата играше на 128 меча за Црвена Звезда, а постигна три погодоци. Еслнер во текот на кариерата 14 пати настапи и за репрезентацијата на Југославија со која освои бронзен медал на Олимписките игри во Лос Анџелес во 1984 година.
Кариерата ја почна во Слован, а потоа настапуваше и за Олимпија, Ница и во Австрија.