Почина легендарен голман на Партизан: Му ги извадија органите, ослабе 50 кг и имал болки!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот голман на Партизан, Радован Радаковиќ почина на 52-годишна возраст по долга и тешка борба со опасна болест.

Радаковиќ пред две години по една рутинска контрола откри дека има тумор на желудникот, па мораше да ја прекине тренерската кариера.

Тој беше на операција во Истанбул, па на лекување со хемотерапии, но за жал болеста се врати и му немаше спас.

Неговите поранешни соиграчи и ривали од теренот собираа пари за да му помогнат во борбата со опасната болест, но сепак ниту тоа не му помогна.

Операцијата во Турција му дала надеж, а по неа морал да ослабе 50 кг, да преживее сепса, но не помислувал да се предаде.

„Едвај можев да зборувам. Ми беше изваден желудникот, цревата и дел од жлездите“, кажа пред една година Радаковиќ.