Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Еден од најистакнатите македонски кошаркарски работници, Лазар Лечиќ почина на 85-годишна возраст, а ќе остане запаметен како симбол на кошарката во Македонија.
Лечиќ е еден од најзаслужните за поставување на темелите на македонската кошарка. Тој ја почна кариерата во редовите на Работнички, подоцна стана и тренер на оваа екипа. Работнички го водеше на двапати, прво од 1962 до 1972 година, а потоа и од 1975 до 1968 година. Исто така беше дел од и од МЗТ Скопје.
Во кариерата надвор од Македонија ги тренираше Борац Чачак, Олимпија Љубљана, Војводина и Арис.
Лечиќ беше дел и од стручниот штаб на репрезентацијата на Југославија која освои светска титула во 1970 година.