Почина поранешен фудбалер на Шкупи на 23 години!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


На тренинг вчера починал репрезентативецот на Екваторијална Гвинеја, Маријано Ондо, кој почина на само 23-годишна возраст.

Ондо бил во татковината и тренирал додека ги чекал документите за да се пресели во Шпанија, каде што требало да игра за третолигашот Рапид де Бузас.

Пред самиот крај на тренингот не се чувствувал добро. Соиграчите и тренерите се обиделе да помогнат, но му немало спас. Пристигнала и брз помош, но докторите само го потврдиле најлошото.

Ондо настапувал и во Македонија во тимот на актуелниот шампион Шкупи, а за својата репрезентација има седум настапи.