Почна борбата против расизам во Италија: Милан и Рома први кренаа глас против кампањата на Серија А! (ФОТО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Италијанската Серија А сезонава стана возбудлива, зашто Интер и Јувентус водат тесна битка за врвот, а од зад грб ги лови Лацио, па конечно би можел некој од нив да ја прекине серијата на „Старата дама“.

По 16 одиграни кола ривалите шампионот Јувентус и Интер имаат по 39 бодови, а утре и задутре се игра 17. коло. „Старата дама“ игра против Џенова, додека Интер ќе ја пречека Сампдорија.

Сепак, и покрај одличната трка, расизмот кој крена многу „прашина“ во Италија ги нервира фудбалерите, па затоа управата на Серија А почна кампања на почетокот на неделата со пораки против расизмот.

Милан и Рома веднаш се јавија и порачаа дека потегот на управата не е вистински пристап за ваква чувствителна тема.