До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Ханси Флик му порача на раководството на Барселона дека летово мораат да направат одредени промени во играчкиот состав доколку сакаат каталонскиот клуб конечно следната сезона да ја освои Лигата на шампионите, а веќе се знае кои играчи германскиот тренер дефинитивно ги отпишал.
Од Барселона се очекуваше оваа сезона конечно да ја освојат Лигата на шампионите на која чекаат уште од 2015 година, но тоа нема да се случи.
Каталонците се простија од овој турнир веќе во четвртфиналето со поразот од Атлетико Мадрид и сега им преостанува да ја осигурат титулата на шампионите на Шпанија бидејќи во однос на Реал имаат девет бодови предност.
Во Барселона веќе почнаа сериозно да се подготвуваат за летниот трансфер период и сакаат да донесат неколку звучни засилувања.
Каталонскиот Спорт објави дека Флик им порача дека не му се потребни играчи кои моментално се на позајмици и дека е најдобро тие летово воопшто да не се враќаат во соблекувалната на Барселона и клубот да се обиде да ги продаде што поскоро.
Станува збор за Марк-Андре тер Штеген, Инаки Пења, Хектор Форт, Арон Јакобишвили и Ансу Фати.
















