Почна постапката која е од круцијално значење за Манчестер Сити


Неубедливата Англија против Словачка, Шпанија против големата сензација! ↓↓↓


Претставници на Манчестер Сити во текот на денешниот ден во Лозана, на Судот за спортска арбитража ја започнаа правната битка за укинување на двегодишната забрана за настап во европските натпреварувања.

Сослушањето на Судот во Лозана би требало да трае три дена.

УЕФА уште минатата година започна постапка против Манчестер Сити поради сомнителни финансиски малверзации.

Истрагата утврди дека Сити не работел според пропозициите и токму затоа беше изречена казна од две години забрана за настап во европските натпреварувања.

Челниците на Манчестер Сити се надеваат дека ќе го добијат овој спор, во спортивно се соочуваат со огромни проблеми, пред се на играчки план. Неколку фудбалери веќе најавија заминување од клубот ако забраната се потврди и Сити не игра две години во Лигата на шампионите.