Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Барселона летово ќе направи реконструкција на екипата, а денеска медиумите, како и новинарот Фабрицио Романо објави дека каталонскиот гигант го договорил Вајналдум од Ливерпул.
Вајналдум ќе потпише тригодишна соработка со каталонскиот гигант, па се чека само официјална потврда на трансферот.
Холанѓанскиот фудбалер во претходните пет години го носеше дресот на Ливерпул, со кој ја освои Премиерлигата, но и Лигата на шампиони.
За Ливерпул настапи на 236 меча и постигна 22 голови, а претходно играше за Њукасл, ПСВ и Феенорд.
Барселона претходно потврди дека ќе се засили и со Ерик Гарсија, а се очекува и трансфер на Серхио Агуеро.
Gini Wijnaldum to Barcelona, confirmed and here we go! 🔴🔵 #FCB
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) May 26, 2021
The verbal agreement has been reached, Wijnaldum is joining Barça until June 2024. He’s expected to sign his contract in the next few days – work in progress to complete the deal reducing Gini’s salary. ⏳ https://t.co/TlqznhJfBh