Почна ремонтот во ПСЖ: Леонардо прв ги пакува куферите, а ќе „летне“ и Покетино!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Еден од најдобрите фудбалери во светот, Килијан Мбапе вчера ја реши сагата која траеше со месеци и потпиша нов тригодишен договор со ПСЖ.

Мбапе добил ветување од раководството на клубот дека ќе решава за важни прашања на клубот, па така ќе има главна улога и при ангажирање на фудбалери, но и тренер.

Тоа очигледно е вистина, затоа што веднаш по новиот договор, Леонардо доби отказ, а се очекува заминување и на тренерот Маурицио Покетино.

„Леонардо ќе биде прв кој ќе го напушти ПСЖ и веќе се бара негова замена, а следен е Покетино“, објави познатиот новинар Фабрицио Романо.

Се шпекулира дека Луис Кампос ќе го замени Леонардо на позицијата спортски директор, додека Зинедин Зидан и Антонио Конте се најголеми фаворити за тренерското место.