Почнува операцијата „Фабињо“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Бразилските медиуми пишуваат  дека десниот бек на Монако е на излезните врати од клубот и дека кариерата најверојатно ќе ја продолжи во клубот во кој начесто е доведувсан во врска во ова лето.

Не е тајна дека Фабињо е една од најголемите желби на Жозе Мурињо, а како што работите стојат може наскоро да му биде исполнета.

На таа тема пишува бразилскиот весник “Глобо“ повикувајќи се на неоменуван извор блиску до играчот.

„Посебниот“ наводно нема баш доверба во италијанскиот репрезентативец Матеo Дармијан и на позицијата десен бек сака да го има 22-годишниот Бразилец.

Мурињо имаше шанса да се запознае со квалитите на Фабињо додека работеше во Реал Мадрид, кој го доведе од Рио Аве во 2013 година.

Сепак, овој Бразилец не доби вистинска шанса да се докаже во Кралскиот клуб, проследен е на позајмица во Монако, Кнежевците“ потоа го откупија и тоа се покажа како одличен потег.

Интересно, во член од основите податоци поврзани за Фабињо на википедиај во првиот пасос стои дека ова момче е играч на Манчестер Јунајтед.

Нормално, тоа не е точно, но не значи дека наскоро нема да биде.