„Подобар сум од сите, дури и од Меси и Роналдо“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Одличниот напаѓач на ПСЖ, Килијан Мбапе зборуваше за француските медиуми за самодовербата која му помага во кариерата.

Егото е неопходно за некои луѓе за да успеат, а такво нешто дека е важно смета и Мбапе, кој има само 22 години, но тој е еден од најдобрите во светот.

„Секако дека е многу тажно, зашто кога ви е тешко, никој друг освен вас нема да ве турне. И мора да се убедите себе дека сте способни да урнете планини. Луѓето не го разбираат егото, но кога ви оди добро, никој не може да ви помогне, туку самите. Јас често си велам дека сум подобар од сите, па дури и од Лионел Меси и Кристијано Роналдо“, вели Мбапе.