До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Имаше целосна поддршка, трпение и статус како иднина на Баерн, но една реченица беше доволна за атмосферата целосно да се промени.
Ленарт Карл има само 17 години, но веќе носи етикета на еден од најголемите таленти во светскиот фудбал.
Роден во Фрамерсбах, во срцето на Баварија, целиот свој фудбалски пат го поврзал исклучиво со Германија.
Ги помина младинските редови на Баерн, стана млад репрезентативец на Германија и многу рано го отчука на вратата на првиот тим на минхенскиот гигант.
Токму поради тоа, навивачите на Баерн го гледаа како наследник на клубската традиција и потенцијален играч кој би можел да ја помине речиси цела кариера во црвениот дрес.
Но, една несмасна изјава го доведе сето тоа во прашање. За време на интервју и дружење со навивачите, Карл изговори зборови кои требаше да останат приватни.
“Баерн е огромен клуб и сон е да се игра тука”, рече младиот офанзивец.
А потоа продолжи нешто што ги шокираше присутните.
“Но, во некој момент дефинитивно сакам да одам во Реал Мадрид. Се надевам дека ова ќе остане меѓу нас.”
Иако јасно даде до знаење дека говори искрено и без лоша намера, снимката од тој момент брзо се појави на социјалните мрежи.
















