Поен кој го менува животот: Се пласира во финале на Ју-Ес Опен и ќе стане најбогата спортиска во светот!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Британката Ема Радукану го постигна најголемиот успех во својата кариера и во сабота ќе игра финале на Ју-Ес опен против уште една тинејџерска сензација Лејла Фернандез.

Девојката која во ноември ќе наполни 19 години влезе во историјата така што стана првата која успеала да стигне до финале на гренслем-турнир од квалификациите.

Кога го освои последниот поен против Марија Сакари, Ема не можеше да верува дека се пласира во финале на турнирот.

„Сан“ направи истражување според кое Ема наскоро би можела да стане најбогатата спортистка во светот.

„Таа ќе биде најголемата британска спортистка во историјата. Доколку продолжи вака, ќе заработи повеќе од 100 милиони фунти. Освен теренот, таа ќе биде голем удар за брендовите на облека, здравје, фитнес, начин на живот…“, пишуваат од „Сан“.