Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Каталонскиот весник „Спорт“ пренесува дека францускиот фудбалер од редовите на Манчестер Јунајтед, Пол Погба бил многу блиску до преселба во тимот на ПСЖ во летниот преоден рок.
Погба го обележа речиси цело лето откако уште на стартот на преодниот рок најави дека би можел да замине од Манчестер Јунајтед.
Сепак, „ѓаволите“ не потклекнаа под притисокот и одбија неколку понуди кои стигнаа на нивна адреса за играчот од средината на теренот.
ПСЖ бил заинтересиран во последните моменти од преодниот рок да го ангажира Погба, но главна причина за тоа што не се реализирал трансфер, покрај високата сума која ја барал Јунајтед, а која до некаде била прифатлива за ПСЖ, е тоа што Мино Раиола бил многу зафатен во тој момент и договорот не можел да се материјализира на време.