Погба е очаен во Манчестер Јунајтед, може да си замине и во јануари, еден тим сериозно притиска


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Пол Погба е очаен во Манчестер Јунајтед, а тоа го покажува и со своите настапи на терените кога ќе добие шанса од Оле Гунар Солскјер.

Французинот посакуваше заминување од клубот во летниот преоден рок, но тогаш Јунајтед не дозволи тој да си оди. Сега откако Погба не го дава максимумот, Солскјер се согласил да се разгледуваат понудите кои ќе стигнат на нивна адреса, но посочил дека ќе го продаде играчот само доколку донесе соодветна замена за него.

Според „Тутоспорт“ Јувентус ќе испрати понуда за Погба во јануарскиот преоден рок. Италијанскиот шампион ќе понуди пари плус некој од своите играчи со цел да го врати Погба назад на Апенините.