Погба е тажен во Манчестер, а има многу причини за тоа


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Францускиот фудаблер Пол Погба не е среќен во Манчестер јунајтед, а оваа сезона се чувствува тоа на теренот, но и надвор од него бидејќи самиот играч го кажа тоа за медиумите.

Договорот му завршува за околу три месеци, а уште од сега може да се забележи дека сака да замине на 1 јули. Како следна дестинација се споменува ПСЖ, но засега нема повеќе детали.

„Тешко е да се опише оваа сезона. Промена на тренери, повреди, нема што да се победи, тажно е… Минувам низ тешки моменти, посебно во Манчестер. Репрезентацијата ме враќа во живот“, кажа францускиот репрезентативец.

Погба стигна на „Олд Трафорд“ во 2016 година од Јувентус, но само на моменти ја покажуваше неговата класа, иако според многумина не ја исплати вложената сума во неговиот трансфер.