Погба има важен услов за нов договор, а во него е вмешан и Роналдо!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Францускиот репрезентативец Пол Погба ќе потпише договор со Манчестер јунајтед само ако му биде исполнет важен услов.

„Л’Екип“ објави дека Французинот сака да добива поголема плата од Кристијано Роналдо и така да биде најплатен играч на „Олд Трафорд“.

Тоа е голема уцена за раководството на „црвените ѓаволи“, кои во моментов плаќаат 480.000 фунти неделно за платата на Роналдо, додека Погба има плата од „само“ 290.000 фунти.

Исто така, „ѓаволите“ се под притисок затоа што Погба има договор до следното лето и веќе одби неколку понуди да ја продолжи соработката, што значи дека мора да му го прифатат условот ако сакаат да го продолжат договорот.