Погба имаше медицински прегледи, по кои дозна ужасни вести!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Фудбалерите на Јувентус се наоѓаат на подготовки во САД и вечерва ги очекува пријателски меч против Барселона, но францускиот репрезентативец Пол Погба нема да игра.

Погба пред неколку дена почуствува болка во коленото, по што не можеше да тренира, а потоа изврши дополнителни медицински прегледи.

Во Јувентус се надеваа дека не станува збор за сериозна повреда, но сепак Погба ќе мора да го пропушти почетокот на сезоната.

„Старата дама“ соопшти дека Погба го повредил десното колено и ќе мора да оди на операција, а поради тоа го очекува пауза еден или два месеци.

Тоа е голем удар за тренерот Масимилијано Алегри затоа што Погба сигурно ќе биде еден од главните фудбалери за новата сезона.