Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Оле Гунар Солскјер од денеска е перманентен тренер на Манчестер Јунајтед откако потпиша тригодишен договор.
Под тренерската палка на норвешкиот стратег голем дел од екипата блесна, а меѓу најдобрите се истакнуваше Пол Погба.
Французинот кој не беше во добри односи со Погба сега упати само пофалби за норвешкиот стратег.
„Изминатиов период беше многу добар. Резултатите се многу добри. Имаме тренер кој не цени, многу среќен тренер. Ја врати самодовербата на играчите. НИ дава слобода повторно да играме фудбал. Можеби претходно ја изгубивме самодовербата. Првиот ден само ни кажа да почнеме да уживаме во играњето фудбал.
Кога не уживате тогаш нема смисла да се игра. Кога ќе престанете да го сакате она што го правите нема цел тоа да се работи. Да се вратиме на основите и да уживаме. Да уживаме во играта заедно. Резултатите доаѓаат сами по себе “- изјави Погба за „Скај Спортс“.