„Погба како никогаш да не замина од Манчестер“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанскиот голман на Манчестер Јунајтед Давид Де Геа е воодушевен поради доаѓањето на Пол Погба.

Погба неодамна потпиша за Манчестер Јунајтед, кој на Јувентус на име оштета исплати вртоглави 89 милиони фунти.

Дваесет и три годишниот веќе играше за Јунајтед пред што во  2012 година кога премина во Јувентус.

Сега се врати, и со Златан Ибрахимовиќш се најголеми засилувања на Јунајтед.

„Мислам дека Погба е нешто посебно. Потпиша за нашиот клуб, тој овде веќе играше и сега се врати тома. Чувствува дека е негов дом и сите сме многу среќни што повторно е во Манчестер.

Изгледа како никогаш да не го напушти Манчестер“, изјави Де Геа во интервјуто за МУТВ.

„Добро е да имате комбинација на млади и искусни играчи. Тоа е она што моментално го има Јунајтред и тоа е добро за младите играчи, кои уште полесно и побрзо ќе напредуваат со овие постарите“, смета шпанскиот голман.