Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Пол Погба се враќа во Јунајтед, Погба пред премин во Реал…Вакви и слични наслови можевме секојдневно да читаме во минатите недели, а конечно се огласи и самиот играч за врска на Јувентус.
Французинот после ЕП отиде во Лос Анџелес на одмор, а тогаш и се огласи по повод информациите кои го поврзуваат со трансфер во Манчестер Јунајтед.
„Манчестер Јунајтед е мој прв фудбалски дом. Ако Мурињо ме повика, ќе зборуваме. Среќен сум во Јувентус, но искрено, не знам што ќе биде од се“, порача Погба и со тоа ги подгреа надежите на навивачите на Црвените ѓаволи.
Ибрахимовиќ, Бејли и Михтаријан веќе стигнаа на Театарот на соништата, а доколку се врати и Погба и ќе имаме еден нов, исклучително силен Јунајтед.