Погба од 269 милиони, вака Јуве планира револуција!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Французинот се забавува во Америка, откриени се вистинските големи на трансферот, се знае и редоследот на потези на Јунајтед, но и Јувентус кој нема да доведе едно, веќе две засилувања во средниот ред.

Погба моментално е во Лос Анџелес, се забавува на забави, а рече само една реченица кога новинарите го сретнаа и го прашаа за најголемиот трансфер во историјата.

„Ќе видиме“, беше се што порача Погба, но работите се познати.

Тој во следниот понеделник ќе стане играч на Манчестер Јунајтед. Имено, тогаш треба да се врати во Виново на подготовките на Јувентус, но тоа нема да се случи. Во недела од Мајами ќе одлета во Англија.

До тогаш сите формалности ќе бидат завршени, а италијанските медиуми пишуваат дека целиот трансфер ќе ги чини Ѓаволите неверојатни 269 милиони евра.

Имено, за оштета за Погба од 116 милиони евра, треба да се додаде провизија за Раиола која сепак ќе ја платат Англичаните. Јуве плаќа стандардни 2 % комисија, но останатото е обврска на Манчестер Јунајтед, поточно, клубовите околу тоа се спорат, тоа е последната пречка.

Но, никој не се сомнева дека на крајот се ќе биде договорено, на сите им е интерес овој трансфер да успее.

Платата на Погба ќе биде нешто повеќе од 12 милиони по сезона, нето, со даноци, вкупните трошоци на трансферот се астрономски, 269 милиони евра.

Јувентус ја испразни касата за Игуаин, но останаа уште пари од Погба, за нови трансфер и тоа уште две или три до крајот на преодниот рок.

Веќе е договорен трансферот со Витсел, Зенит и понатака оддолева, но Белгиецот веќе рече не сака на ниту едно друго место и ја одби понудата на Евертон.

Русите не се баш во позиција да поставуваат услови, Газета дело Спорт тврди дека Витсел е спремен за уште една сезона да остане во Сант Петерзбург и без оштета да замине.

Тоа веројатно нема да се случи, па треба да се очекува штом трансферот на Погба ќе биде официјално завршен, Аксел Витсел да потпише за Јуве.

Но, како што рековме, тоа не е крај во средниот ред.

Имено, Јувентус планира да ги продаде Переира, Ернанес и Лемина и да обезбедат уште средства  и плати за трансфер или Матиќ или Матуиди. Се проценува дека еден од двајцата може да стигне за сума меѓу 30 и 40 милиони евра, што италијанскиот шампион е спремен да плати.

За крај на преодниот рок останува напаѓач, и тоа ако Заза оди. Тој ги одби Англичаните и Германеците, наместо Волфсбург или Вест Хем сака во Милан. Но, Росонерите немаат пари, предложија позајмица што Јувентус одби.

„Габигол“ е главна мета, но само ако Заза биде продаден, во спротивно италијанскиот репрезентативец ќе остане во клубот и ќе чека шанса како во минатата година.