Погба одби 24 милиони евра годишно за да си го оствари сонот?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Францускиот фудбалер Пол Погба често се споменува во медиумите поради потенцијален трансфер, а на крајот на сезоната му завршува договорот со Манчестер јунајтед.

Погба си заминува како слободен фудбалер и може да бира каде ќе ја продолжи кариерата, а постојат шпекулации дека тој ќе замине во ПСЖ.

„Ел Насионал“ пишува дека Погба неодамна добил понуда од 24 милиони евра годишно да го продолжи договорот со Манчестер јунајтед, но тој не сака да остане во премиерлигашот.

Погба сака да се пресели во ПСЖ, кој од следното лето сака да го ангажира Зинедин Зидан на кормилото и со него постојат реални шанси дека може да ја освојат Лигата на шампиони (ЛШ).